Рибери не оди во пензија: Прифати да игра за клуб во Серија А

Франк Рибери ќе ја продолжи кариерата во Фиорентина, пишуваат италијанские медиуми. 

Ветеранот кој има 36 години ја прифатил понудата од „виолетовите“ за едногодишен договор. Интересно е тоа што Французинот одбил многу побогати понуди од Обединетите арапски ермирати, Кина и од Русија само за да потпише за Фиорентина. 

Наводно неговото семејство не сакало да си оди од Европа и дека Фиренца била идеална дестинација за нивен дом. Рибери играше во Баерн Минхен цели 12 години.