Револуција во фудбалот: Судиите ќе можат да го запрат времето!?

На 139. годишен состанок на Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ), кој се одржува во Белфаст, ќе се разговара за повеќе правила во најпопуларниот спорт во светот.

ИФАБ е асоцијација која е одговорна за дефинирање на правилата на фудбалот, а на состанокот ќе се разговара за неколку правила, меѓу кои и ефективното време за игра.

Со цел да се избегне губење на ефективно време за игра, судиите би добиле право да го запрат часовникот додека анализираат спорна ситуација или во случај на сериозни повреди.

На состанокот ќе се разговара и за други правила за кои повеќе детали се очекуваат во следниот период, а истите би можеле да важат од јули 2025 доколку бидат потврдени од ИФАБ.