Револуција во фудбалот: Одигран натпревар кој може да го промени спортот (ВИДЕО)

Фудбалот наскоро би можел да доживее огромна промена поради едно правило кое би можело да биде имплементирано. Со години се предизвикуваа контроверзи за офсајди од неколку милиметри, па затоа сега е тестираноправилото на Арсен Венгер.

На натпревар во Канада за првпат во професионално натпреварување се тестирани две иновации, како правилото на Венгер за офсајд, но и едноставен систем за видео-проверка наречен ФВС (Фудбал Видео Сапорт).

Најмногу внимание привлече ситуацијата која совршено ја покажува разликата меѓу старото и новото правило. Напаѓач на Отава прими топка додека со телото беше пред последниот дефанзивец, а потоа беше направен прекршок врз него, но судијата покажа на белата точкча.

Според старите правила, оваа ситуација ќе беше означена како офсајд и немаше да се гледа потенцијален прекршок.