Моќен старт на Алкараз и Синер на Мастерсот во Монте Карло

Актуелниот шампион на Мастерсот во Монте Карло, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на турнирот, откако го победи 65. играч во светот, Аргентинецот Себастијан Баез, по два сета, со 6-1, 6-3.

Првиот светски релет победи по 70 минути. Тој направи пет брејка во текот на мечот, а на противникот му дозволи да земе само еден гем на негов сервис. Алкараз во осминафиналето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Аргентинецот Томас Мартин Ечеверија и Французинот Теренс Атман кои се среќаваат утре.

И Јаник Синер немаше поголеми проблеми и стигна до третото коло откако го победи Французинот Уго Умбер со 6-3, 6-0, по 65 минути игра. Негов противник ќе биде подобриот од натпреварот помеѓу Аргентинецот Франциско Серундоло и Чехот Томас Махач.

На Алкараз му е потребно да ја освои титулата во Монте Карло за да се задржи на челната позиција на АТП листата и идната недела.