Тага во Романија: Почина фудбалската легенда Луческу

Легендарниот романски тренер Мирчеа Луческу вечерва починал во Букурешт, каде што беше хоспитализиран по двата срцеви удари во претходните денови.

Болницата во Букурешт ја потврдила тажната вест и соопштила дека романскиот тренер починал денеска околу 19.30 часот.

Стратегот најпрво бил примен во болница на 29 март по срцев удар, по што неговата состојба се влошила на 5 април, кога доживеал уште еден инфаркт.

Луческу во кариерата играше за Динамо Букурешт и Корвинул Хунедоара каде што остави најголема трага, додека како тренер работеше во Романија, Пиза, Бреша, Рапид Букурешт, Интер, Галатасарај, Бешикташ, Турција, Динамо Киев и други тимови.