Дабл-дабл на Димитријевиќ за победа на Баерн против Виртус Болоња
Германскиот тим ја доби првата четвртина со 23-16, но Виртус Болоња ја анулира негативата и на полувреме двете екипи заминаа со нерешен резултат (43-43).
Баерн направи исчекор кон победата и во завршницата влезе со осум поени предност, но Виртус Болоња се разбуди, по што направи пресврт (75-73). Сепак, Димитријевиќ и другарите не дозволија пораз и со одлична завршницата триумфираа со 85-80.
Македонецот го заврши натпреварот со 11 поени, 10 скокови и три асистенции, додека најефикасен во победата беше Дејвид МекКормак со 24 поени и осум скокови. На спротивната страна блесна Мет Морган со 28 поени и по еден скок и асистенција.
Резултати:
Жалгирис – Дубаи 65-77
Црвена Звезда – Париз 94-81
Олимпијакос – Реал Мадрид 102-88
Барселона – Панатинаикос 79-93
Валенсија – Милано 102-96
Басконија - Макаби Тел Авив 101-98
Фото: Facebook/Bayern Basketball