Реал доцна се разбуди, Баерн го освои Мадрид (ВИДЕО)
„Кралевите“ имаа ужасен почеток на натпреварот и неколку големи грешки кои Баерн не успеа да ги искористи. Најпрво се посрамоти Дајот Упамекано кој не реализира одлична шанса, односно испрати лош удар кој заврши во Карерас. Потоа не се прослави ниту Серж Гнабри кој го погоди голманот Андриј Лунин.
Баерн конечно ја проби одбраната на шпанскиот гигант во 41. минута по нова грешка на фудбалерите на Реал, по која топката стигна од Луис Дијаз кој стрелаше за 1-0.
Германскиот тим имаше одличен старт на вториот дел затоа што по само 22 секунди Хари Кејн го матира Лунин за предност од 2-0.
„Кралскиот клуб“ почна да се буди дури во завршницата од дуелот и имаше неколку добри шанси, а една од нив искористи Килијан Мбапе. Потоа се закануваше и Винисиус Жуниор, меѓутоа не беше прецизен, па победата му припадна на Баерн со 2-1.
Арсенал успеа да слави на гостувањето кај Спортинг Лисабон со 1-0 со голот на Каи Хаверц во првата минута од судикосто надополнување, откако претходно во 63. минута ВАР-технологијата му поништи гол на Мартин Зубименди поради офсајд.
Фото: EPA