Црвена Звезда го растури Париз за 20. триумф во Евролигата

Кошаркарите на Црвена Звезда триумфираа со 94-81 против Париз во 36. коло од Евролигата, а со оваа победа направија чекор напред кон пласман во нокаут-фазата.

Двете екипи беа ефикасни во првата четвртина, а Ц. Звезда ја доби со 34-28, по што францускиот тим до полувреме намали на 57-54.

„Црвено-белите“ направија чекор напред во третата четвртина и создадоа недостижна предност за Париз, по што до крајот на мечот ја потврдија победата.

Монеке беше најефикасен со 21 поен, девет скокови и три асистенции, додека Хифи запиша 20 поени, четири скокови и три асистенции за Париз.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/KK Crvena zvezda