Мбапе пред историја: Само три гола го делат од рекордот на Роналдо во ЛШ
Мбапе додаде уште еден погодок во колекцијата и стигна до 14 голови оваа сезона во елитното натпреварување, па само три гола го делат од рекордерот Кристијано Роналдо.
Роналдо постигна 17 погодоци во сезоната 2013/14 и стана рекордер, додека зад него се Роберт Левандовски со 15 од сезоната 2019/20 и Карим Бензема со исто толку од сезоната 2021/22.
Фото: Facebook/RealMadrid