Арбелоа: Ништо не е готово, одиме по победа во Германија

Реал Мадрид загуби на домашен терен од Баерн Минхен со 1-2 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), но тренерот Алваро Арбелоа не губи надеж дека можат да го елиминираат ривалот.

Арбелоа по натпреварот кажа дека сè уште се во игра за полуфинале во ЛШ и одат во Германија по победа.

„Уште сме во игра, тоа е јасно. Еден гол нè дели. Мислам дека сме способни да победиме на било кој терен. Одиме во Германија по победа. Голот за 0-2 беше голем удар за нас, но се вративме. Мислам дека мојата екипа покажа карактер, не ни дадоа гол од организирани акции, туку од две изгубени топки“, кажа Арбелоа.

Реваншот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид се игра на 15 април од 21 часот.

Фото: Facebook/RealMadrid