Нова катастрофа за Фенербахче, Хапоел го уништи турскиот гигант

Фенербахче се соочува со голема криза, односно вечерва го запиша четвртиот пораз по ред во Евролигата, откако загуби со 80-95 против Хапоел Тел Авив.

Хапоел беше сигурен од самиот старт на натпреварот и го полнеше кошот на Фенербахче, па така на полувреме предноста изнесуваше 51-38, додека во вториот дел истата продолжи да расте.

Фенербахче успеа само во завршницата да избегне целосна катастрофа и да намали на 80-95.

Најефикасен во победничкито тим беше Даниел Отуру со 23 поени и три скокови, додека Вејд Болдвин запиша 22 поени, четири скокови и шест асистенции за Фенербахче.