Силекс му ја прекина серијата на Тиквеш, Брера сѐ подалеку од зоната за испаѓање
Во исто време, кратовскиот тим му ја прекина фантастичната серија на својот ривал кој беше без пораз на пет меча по ред и на нив освои вкупно 13 бода со 20 постигнати гола. Благодарение на таа низа, Тиквеш речиси го обезбеди опстанокот, па затоа денешниот пораз од некогашниот шампион нема поголемо значење.
Кратовци завршија голем дел од работата во првото полувреме во кое постигнаа два од трите гола. Пиреш го отвори резултатот во 17. минута, а на 2-0 зголеми Алиќ пред истекот на првиот дел. Конечните 3-0 ги постави Велиновски во 85. минута. Исходот од мечот во Кавадарци нема да игра голема улога на изгледот на табелата бидејќи Силекс останува четвртопласиран, а Тиквеш има 12 бода повеќе од Работнички кој е прв во опасната зона.
Во вториот денешен натпревар, Башкими и Брера одиграа без голови во Куманово. Освоениот бод има поголемо значење за струмичкиот тим кој е се подалеку од опасната зона.