Алкараз фуриозно ја почна одбраната на тронот во Монте Карло – лесна победа и за Синер!

Најдобриот светски тенисер во моментов, Карлос Алкараз, фуриозно ја почна одбраната на тронот на мастерс турнирот во Монте Карло, откако без поголеми проблеми во првата рунда го совлада Себастијан Баез (6-1, 6-3).

Тој комплетно ја оправда фаворитската улога и не дозволи никакво изненадување, контролирајќи го мечот од почеток до крај. Со четири брејка и сигурна игра, Алкараз ја заврши работата за само еден час и десет минути. Во следното коло го очекува нов аргентински предизвик – дуел со Томас Мартин Ечевери.

Убедлив старт имаше и Јаник Синер, кој со 2-0 (6-3, 6-0) го надигра Уго Умбер. Италијанецот мина само еден час и пет минути на теренот, зачувувајќи свежина за следната рунда, каде што ќе се соочи со Франциско Черундоло.

ФОТО: EPA PHOTO