Ренџерс се врати во трка за титулата, Миовски погоди против Данди (ВИДЕО)

Поранешниот шкотски шампион Ренџерс славеше со 4-2 против Данди јунајтед и го стигна Хартс на врвот во домашното првенство, а македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна еден од головите.

Надери и Стерлинг погодија за предност на Ренџерс од 2-0 до 40. минута, по што Фатах намали на 1-2 на истекот на регуларните 45 минути.

Ренџерс постигна и трет гол преку Астгард во 52. минута, но Сапсфорд ја врати надежта на Данди (2-3) дека може да избегне пораз на гости на „Иброкс“.

Миовски влезе во игра од клупата за резервни играчи во 74. минута на местото на Асгард, а 11 минути подоцна погоди за конечни 4-2.

Ренџерс и Хартс имаат по 66 бодови на делба на првата позиција, по што следи Селтик со 61 поен.