Реал Сосиедад ептен добро се офајди од трансферот на Гризман во Барселона

Француската суперѕвезда Ентоан Гризман денеска и официјално стана нов фудбалер на Барселона, откако Каталонците ја активираа откупната клаузула и ги платија 120-те милиони евра на Атлетико Мадрид, па офанзивниот фудбалер в недела ќе биде промовиран на „Камп Ноу“.

И ако Атлетико направи џиновски трансфер откако добро се потроши за Жоао Феликс, раце од трансферот на Гризман во Барселона трие баскиски Реал Сосиедад. Шпанскиот клуб, кој му беше противник на Вардар во групната фаза во Лига Европа пред две години ќе заработи 24 милиони евра за овој трансфер.

Сосиедад имал клаузула за проценти од следната продажба на Гризман, па Баскијците во 2014 година го продадоа за 30 милиони евра, а сега заработуваат уште 24 милиони евра или севкупно Гризман им ја наполни касата за 54 милиони евра.

Гризман за Атлетико играше пет сезони и одигра 257 меча, а постигна 133 гола.