Реал слави 100-ти пехар, Перез го достигна Бернабеу - најдобар претседател со 31 трофеј!

Флорентино Перез кој 35 години во два мандати е прв човек на Реал Мадрид и со него почна „галактичката ера“ го достига најславниот свој претходник и долгогодишен претседател Сантјаго Бернабеу, по кого е крстен стадионот во Мадрид, откако светската клупска круна беше 31 трофеј во ерата на актуелниот претседател на „кралскиот клуб“.

Перез и Бернабеу сега се израмнети со по 31 пехар од јубилејните 100 трофеи што „кралевите“ ги имаат освоено во својата историја, па првиот следен пехар на Реал ќе го направи Перез убедливо најдобриот претседател во историјата.

Актуелниот прв човек на Реал има шест европски круни, колку што има и Бернабеу, ама освои пет светски титули, шест титули првак на Шпанија, пет европски Суперкупови, два шпански Купа, шест шпански Суперкупови и еден Интерконтинентален пехар, претходникот на Ссветското клупско првенство.

Бернабеу од друга страна нема пехари во Суперкуп зашто во тоа време не се играле вакви мечеви, ама има 16 шампионски трофеи, шест европски титули, шест купови и еден Интерконтинентален пехар. Но, Бернабеу е 15 години повеќе на функцијата од Перез.

Силвио Берлускони со Милан е трет на листата на најтрофејни претседатели со 28 пехари, но убедливо број еден е легендарниот претседател на Порто, Пинто Да Коста, кој од 1982 година е на оваа функција и досега има 67 трофеи.