Модриќ ќе игра за Реал Мадрид и на 40 години!?

Лука Модриќ на почетокот на септември наполни 39 години, се чинеше дека ова ќе му биде последна сезона за Реал Мадрид, но последните информации говорат нешто друго.

Модриќ перфектно си ја прифати својата нова улога во клубот, влегува од клупа и во период кој го минува на теренот е доста корисен. Поради тоа во Реал веќе се зборува за продолжување на соработката со ветеранот на уште една година. Актуелниот договор беше исто така едногодишен и истекнува на крајот на сезоната.

Актуелниот договор на Модриќ истекува со крајот на сезоната, но се шпекулира дека Реал Мадрид ќе му помогне продолжување за уште една година.

Тоа значи дека Хрватот ќе биде играч на Реал Мадрид и кога ќе наполни 40 години.