Синер е разочаран и изненаден од барањето на ВАДА тој да биде суспендиран!

Светската антидопинг агенција (ВАДА) одлучи да поднесе жалба до Судот за спортска арбитража и да побара двегодишна суспензија за Јаник Синер кој беше позитивен на допинг.

Се веруваше дека италијанскиот тенисер ќе мине без суспензија, но ситуацијата се менува и тој би можел да биде казнет.

„Не можеме да ги контролираме сите работи, нели? Јасно е дека сум многу разочаран и изненаден со таа жалба, да идам искрен, бидејќи имавме три сослушувања и сите три завршија многу позитивно за мене. Па, не го очекував ова. Знаев веќе неколку дена дека тие ќе се жалат и дека денеска ќе биде официјално, па така...“, рече Синер.