Шортс издоминира против Барса, па беше избран за МВП на колото

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс одигра одличен натпревар и беше најзаслужен за победата на неговиот Париз на гости кај Барселона со 87-103, па така заслужено дојде до признанието МВП на 10. коло во Евролигата кое го дели со Тео Маледон од Асвел.

Шортс натпреварот против Барселона го заврши со 24 поени, девет асистенции, еден скок и три украдени топки.

Неговиот конкурент Маледон одигра импреисвно во победата на францускиот тим против Црвена Звезда на домашен терен од 77-74. Маледон го заврши натпреварот со 26 поени, четири скока и четири асистенции.

И за Шорц и за Маледон ова втора МВП награда сезонава.