Се огласија од Косово: Натпреварот го напуштиле поради расизам!

Фудбалскиот сојуз на Косово се огласи со соопштение по повод случувањата во натпреварот со Романија во Букурешт.

Натпреварот во Лигата на Нации беше прекинат во судиското продолжение откако гостинските фудблаери го напуштија теренот поради скандирањето на домашните навивачи „Србија, Србија“.

„Фудбалскиот соју на Косово најостро ги осудува расистичките провокации и однесувањето во натпреварот помеѓу Романија и Косово во Букурешт во рамките од Лигата на Нации. Натпреварот беше прекинат поради континуирано расистичко и антикосовско скандирање од романските навивачи. Извиците како „Косово е Србија“ и „Србија, Србија“, свирежите во текот на интонирањето на химната, фрлањето предмети  и провокациите беа присутни во текот на цеиот натпревар и таквата атмосфера не беше безбедна за нашите фудбалери“, стои меѓу другото во соопштението.

Во Косово очекуваат и реакција од УЕФА односно сакнција за Романците.