Гвардиола: Родри е незаменлив, нема таков играч на пазарот!

Тешката повреда на Родри е голем удар за Манчестер Сити, Шпанецот ќе ја пропушти целата сезона, а тоа може да биде голем удар за шампионот.

Пеп Гвардиола вели дека Родри е незаменлив и таков играч не може да се најде.

„Родри е незаменлив, факт е дека тој има нешто што е тешко да се најде, не само во Манчестер Сити, туку во целиот свет“, вели Гвардиола.

„Ако кажете дека имате пари да купите фудбалер како Родри. Такви нема на пазарот“.