Гендузи: Многу напредував во Лацио, а потоа дојде Тудор!

Матео Гендузи кој сега е фудбалер на Олимпик Марсеј, зборуваше за времето поминато во Лацио од каде и пристигна во францускиот клуб.

Гендузи вели дека му било одлично во Лацио се додека да дојде Игор Тудор со кој не бил среќен.

„Го ценам стилот на Маурицио Сари, кај него секогаш сакате да имате посед и да играте убав фудбал, напаѓате. Многу напредував тактички кај него, а тогаш дојде Игор Тудор. Неговиот фудбал не го сакам, никогаш не бев среќен, но мора да се прилагодувате на секој состав во кој ќе ве одберат. Сега сум доста среќен, атмосферата тука е нешто што ретко се наоѓа во фудбалот“, изјави Гендузи.