Аморим: Ќе направам сѐ за тимот, ќе ги бранам фудбалерите секогаш, против секого!

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим со голема пасија и највисоки амбиции влегува во неговиот нов предизвик, најголем досега во кариерата.

Аморим ќе има тешка задача да го врати Манчестер јунајтед на врвот, но силно верува дека тоа може да го направи.

„Ќе направам сѐ за тимот. Ќе ги бранам моите фудбалери ако треба цело време, против секого. Тоа е клучно за мене“, вели Аморим.

„Ќе направам сѐ за да го однесам овој клуб на местото кое припаѓа. Ќе направам сѐ за да победам“.

„Ние сме Манчестер јунајтед. Најголемиот клуб во Англија. Историјата мора да нѐ инспирира, па сакам да направам нешто посебно во овој посебен клуб. Треба да признаеме дека одамна не сме ја освоиле Премиерлигата и јас сакам повторно да ја освоиме“.