Тајсон и Пол „предизвикаа“ гнев кај милиони корисници на Нетфликс – мрежата падна!

Долгоочекуваната боксерска борба помеѓу Џејк Пол и Мајк Тајсон, која се пренесуваше ексклузивно на платформата Нетфликс, заврши со разочарување за милиони гледачи ширум светот, кои наместо да уживаат во спектаклот се соочија со технички проблеми, вклучувајќи чести прекини, проблеми со вчитувањето и целосен пад на услугата.

Нетфликс, кој имаше ексклузивно право за пренос, ја понуди борбата како дел од претплата со почетна цена од 5 долари. Многу корисници, кои се претплатија специјално за овој настан, изразија незадоволство, тврдејќи дека техничките проблеми го упропастиле целото искуство. Гледачите на социјалните мрежи саркастично ги пофалија „бесконечните кругови на вчитување“ за време на воведните борби и се шегуваа дека ситуацијата ќе стане уште полоша како што растеше бројот на гледачи.

Според извештаите, ова е првпат Netflix да се соочи со ваков тип проблеми при пренос во живо, што предизвика дискусии околу техничките капацитети на платформата за вакви големи настани. Иако овој настан требаше да биде триумф, многумина го нарекоа „дебакл“ што го засени и самиот боксерскиот натпревар, но и реномето на стриминг платформата.