Додека Пол го тепаше Тајсон, сите гледаа во неговата – ептен секси девојка (ВИДЕО)
„Челичниот Мајк“, кој се врати во рингот на 58-годишна возраст, долго се подготвуваше за овој меч, но беше премногу бавен, што на крајот доведе до неговиот пораз по одлука на судиите во осум рунди. Иако светот навиваше за ветеранот, Пол имаше голема поддршка од трибините, а меѓу неговите навивачи беше и Јута Лердам, холандската спортистка и една од најубавите жени на светот. Таа привлече големо внимание со својот изглед и провокативен стил, а многумина за време на мечот наместо во ринг гледаа во неа.
Јута е позната по тоа што на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 освои сребрен медал, па нејзината популарност значително порасна. Сепак, во последните две години не постигна големи успеси, а почетокот на 2024 година го означи со повреда на зглобот, поради која размислуваше за повлекување од натпреварите. Во јануари изјави дека се чувствува физички исцрпено, дека не може да ја користи целосната сила и дека се натпреварува со само 60% од своите способности.
Лердам и Пол се во врска повеќе од една година, а љубовта меѓу нив изгледа дека е сè посилна. Лердам, која има 4,6 милиони следбеници на Инстаграм, можеби ќе реши да се насочи кон инфлуенсерството ако се повлече од спортот.