„И ние бевме навредувани на Косово, па не го напуштивме теренот“
Тој се чуди како некој може да излезе од теренот поради некакви скандирања од трибините. Марин потсетува дека тие жестоко биле навредувани на Косово, но не ни помислиле да се повлечат во соблекувалните.
„Првпат ми се случува нешто вакво, не сакам ни да размислувам за тоа што го направија, ова е непочитување на фудбалот“, вели Марин.
„Ние бевме исвиркувани, навредувани, нарекувани „цигани“, провоцирани на гостувањето кај нив, но не го напуштивме теренот. Зарем треба да слушаме кој што ќе каже на трибините?“.
„Нашите навивачи можеби накратко извикуваа слоган кој не им се допадна, но тие провоцираа гледајќи дека не можат да победат. Посакуваа провокација за да направат сцена“.