Младинскиот репрезентативец, Ќириловски стави потпис на договор со Игокеа
Довчерашниот играч на Водно Санс замина во странство. Се работи за 18-годишен крилен играч кој е висок 198 сантиметри.
Ќириловски е стандарден играч во македонските младински репрезентации, стручњаците му предвидуваат блескава кариера.
На Европското првенство во Скопје тој имаше ефект од 10,9 поени, 5,6 скокови и 2,9 асистенции, со што беше еден од најдобрите во нашата репрезентација.
Покрај Ќириловски, во Игокеа има уште еден Македонец, Марко Лукановски.