
Реал има двајца кандидати за „десетката“ на Модриќ - еден е фаворит!
Шпанскиот весник пишува за двајца кандидати за бројот на Лука Модриќ, тоа се Килијан Мбапе и Арда Ѓулер.
„Мбапе би можел да ја преземе десетката. Има имиџ, статус и авторитет потребен за тој број. Истиот број го носи и во репрезентацијата на Франција со кој стана национална икона, а го носеше и во својата последна сезона во Монако. Сепак, Мбапе засега не ја побарал десетката од клубот, што сугерира дека одлуката не е негова, туку ќе дојде од врвот на клубот. По доаѓањето во Мадрид, Французинот го избра бројот девет кој претходно го носеше само во младите категории во Монако. Деветката во Реал беше слободна од 2023 година кога замина Бензема“, пишува „Марка“.
Тие како втор кандидат го посочуваат Арда Ѓулер кој според стилот на игра може да биде вистинскиот избор за овој број.
„Има квалитет и профил кој често ги следи оние кои го носат овој број. Кај Чаби Алонсо покажува повеќе од било кога, тренерот му дава голема важност. Турскиот фудбалер на тоа возвраќа со одлични игри, а поради тоа сака да го носи и дресот со број 10. По последниот меч на Модриќ, Хрватот му го подари својот дрес, потег кој може да има и подлабоко значење“, вели новинарот на „Марка“.
Весникот сугерира дека дури може да има и сезона без десетка, нешто што се случило во сезоната 2013/14 кога никој не го носеше легендарниот број по заминувањето на Месут Озил. Потоа бројот го доби Хамес Родригез, а од 2017 го носеше Лука Модриќ.
Ова сценариот е најмалку изгледно со оглед на тоа што Реал Мадрид мора да регистрира тројца фудбалери како првотимци. Покрај засилувањето Мастантуоно, ќе следи регистрација и на Гонзало и Асенсио кои досега носеа броеви резервирани за играчи од Б тимот. Во моментов се достапни само три броја 10, 17 и 25, што дополнително го ограничува клубот.