Реал не се откажува од Александер-Арнолд и подготвува втора понуда

Иако може да го добие бесплатно на крајот од сезоната, раководството на Реал Мадрид инсистира зимава да го реализира трансферот на Трент Александер-Арнолд од Ливерпул.

Првата понуда од Енфилд веќе е одбиена, но во Реал веќе подготвуваат втора која ќе биде во висина меѓу 20 и 25 милиони евра. Веројатно и таа ќе биде одбиена бидејќи во Ливерпул се категорични дека не сакаат сега да останат без еден од своите најдобри играчи, дури и по цена тој да си замине без отштета во јуни.

Место тоа, од премиерлигашот се обидуваат да го убедат Александер-Арнолд да потпише нов повеќегодишен договор и да остане во клубот каде ја почна својата професионална кариера.