Реал на гости кај Димитриевски, навивачите на Валенсија ќе бојкотираат

Најзагреаните навивачи на Валенсија дека нема да ја поддржат екипата на мечот против Реал кој се игра утре на Местаља од протест кон сопственикот на клубот Питер Лим.

Валенсија поминува низ исклучително тежок период, се наоѓа на дното на табелата во Ла Лига, а фановите долго време се противат на политиката која ја води сингапурскиот сопственик. Навивачката група Либертад ВЦФ, која стои зад протестот, ја обвинува управата дека парите од продажбата на фудбалери не ги инвестира во засилувања, како и за честата смена на тренери. Освен тоа, тие тврдат дека Лим планира да го продаде стадионот Местаља, во соработка со градските власти.

Натпреварот против Реал требаше да се одигра во октомври, но беше одложен поради разорните поплави кои ја погодија Валенсија и околината.