Реал Мадрид во наредните 48 часа претставува ново засилување!?

Управата на Реал Мадрид досега ги потврди трансферите на Еден Азар од Челси и Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт, а се очекува во наредните 48 часа да биде ангажиран уште еден фудбалер.

Додека траат шпекулациите за Пол Погба и Кристијан Ериксен, „кралевите“ најверојатно ќе го претстават 24-годишниот лев бек Ферланд Менди.

Иако не станува збор за големо фудбалско име, сепак „кралевите“ на Лион ќе му платат, наводно, 50 милиони евра за Менди.

Трансферот на Менди во Мадрид се договара веќе некое време, а за малку договорот ќе пропаднле поради проблеми со колкот на францускиот фудбалер.

Менди минатата сезона одигра 44 настапи за Лион во сите натпреварувања, а притоа постигна три гола и три асистенции.