Реал Мадрид се обидува да ѝ украде првотимец на Барса

Првиот човек на шпанскиот великан Реал Мадрид, Флорентино Перез се обидува на секој начин да ѝ украде еден првотимец на Барселона, па во последниов период на секој начин се обидува да го убеди Роналд Араухо да го замени „Камп Ноу“ со - „Сантјаго Бернабеу“.

Уругвајскиот репрезентативец е една од малкуте светли точки во тмурната и ужасно лоша сезона досега на каталонската гордост, а тој има договор до летото 2023 година и засега нема најави од Каталонија дека Барса сака да го задржи, зашто сѐ уште не му понудила нова соработка, па поради ова Перез сега се обидува да го убеди Араухо да дојде во Мадрид, што значи дека Уругваецот би требало да ги одбие понудите од Барса за продолжување на договорот, ако во меѓувреме се појават.

Според информациите, Перез има две опции или Араухо за година ипол од сега да го земе како слободен играч, или со одбивањето на понудите од страна на дефанзивецот, Барселона да биде приморана да го продаде летово, на една година пред истек на договорот, што веднаш Перез би се активирал со некоја симболична понуда која Барселона во ек на голема финансиска криза би ја натерало и порано да го продаде својот фудбалер, за да заработи барем неколку милиони евра.

Инаку Реал Мадрид бил заинтересиран за Араухо пред неколку години, но тогаш Уругваецот ја избрал Барселона.