Реал Мадрид непланирано добива големо засилување пред клучниот дел од сезоната!
Тој пред нешто повеќе од еден месец беше опериран поради скинат менискус на десното колено со најава дека за него сезоната е завршена, но популарниот Дон Карло дека Белгиецот се опоравува далеку побрзо од очекувањата.
„Куртоа добро се опоравува, би можел да биде во тимот веќе на мечот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека искусниот чувар на мрежата сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Натпреварот против Кадиз на кој е најавено неговото враќање ќе се одигра на 4 мај во Мадрид.