Реал Мадрид летово ќе исполни уште една желба на Зинедин Зидан

Еден од најбараните фудбалери на денешницата, Пјер-Емерик Обамејанг, кој ги брани боите на Арсенал, ова лето може да стане играч на Реал Мадрид, објави шпански „АС“.

Според шпанскиот медиум, тренерот на „Кралевите“, Зинедин Зидан, веќе стапил во контакт со 30-годишниот Габонец.

Фудбалерот е известен за желбата на Реал Мадрид да го донесе во своите редови. Дали ќе се реализира трансферот зависи и од Арсенал. Сегашниот договор на Обамејанг со „Топџиите“ истекува летото 2021 година.

Претходно во медиумите се појави информација дека Манчестер Јунајтед може да го купи Обамејанг за 50 милиони фунти.

До прекинот на сезоната 2019/20, Габонецот постигнаа 20 голови и забележа една асистенција на 32 натпревари за Арсенал.