Реал Мадрид го освои шпанскиот Суперкуп (ВИДЕО)

Шпанскиот гигант Реал Мадрид славеше во финалето на шпанскиот Суперкуп со 2-0 против Атлетик Билбао и се закити со првата титула за оваа година.

„Кралевите“ играа добро од самиот почеток на натпреварот, а во 38. минута создадоа одлична шанса преку Родриго, кој го пронајде Лука Модриќ, а Хрватот без мака ја затресе мрежата на ривалот за водство од 1-0. Атлетик Билбао до крајот на првото полувреме имаше шанса да израми, но нивниот удар заврши покрај стативата на Тибо Куртоа.

Реал доби пенал во 52. минута, поради игра со рака на Алварез, а ударот од белата точка без проблеми го реализираше Карим Бензема, кој погоди за предност од 2-0 на „кралевите“.

Атлетик Билбао во второто полувреме се обиде да ја врати резултатската неизвесност, а за тоа доби шанса во 89. минута, кога Милитао заработи црвен картон поради игра со рака, по што Раул Гарсија не успеа да го совлада Куртоа од пенал.