Реал го лови Мбапе со многу пари – ако дојде во Мадрид ќе биде најплатен Французин

Најтрофејниот европски великан Реал Мадрид од поодамна сака да го купи вториот најскап фудбалер на светот Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен и да го донесе на „Сантјаго Бернабеу“, но прашање е дали францускиот гигант ќе се согласи на трансфер.

Веќе подогло време се најавува дека Флорентино Перез има подготвено бомбастична понуда за да го донесе Мбапе, иако газдата на ПСЖ, Насер Ал Келаифи посочува дека не го продава ни за една милијарда евра, но „кралевите“ наводно имале и план Б како да стигнат до посакуваната цел И тоа е да го убедат Мбапе да потпише за нив со неверојатно богат договор и тоа за фудбалер кој нема уште ни 20 години.

Француската ѕвезда моментно во Париз има 13,2 милиони евра годишна плата и ако остане и во следната сезона ќе добива толку, без бонусите за настапите во сезоната. Реал пак сега му нуди чисти 15 милиони евра нето, но и шанса Мбапе да биде – најплатениот Французин.

Тој во моментов има спонзорски договори со Најк и Хублот и годишно вкупно, сосе платата во ПСЖ заработува 24,7 милиони евра. Единствен пред него е Ентоан Гризман од Атлетико Мадрид, кој има 33 милиони евра, од кои 20 милиони плата на „Ванда Метрополитано“, а останатите спонзорски договори со Пума, Жилет и Хуавеј.

Сепак, ако Мбапе дојде во Реал, шансите да стигне до европска титула ќе му се зголемат, ама и спонзорските договори и фактот дека уште низа гиганти ќе посакаат да биде нивно заштитно лице. А, со тоа, банковната сметка и тоа како ќе се зголеми, а брзо ќе го надмине соиграчот од репрезентацијата Гризман.

Сега, Ал Келаифи од тоа и стравува. Реал да не го убеди Мбапе дека иднината му е на „Бернабеу“, па младата ѕвезда да побара трансфер...