Реал е ужасен во големите натпревари - има две ремија и пет порази!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид оваа сезона не може да се пофали со добри резултати против големи екипи во сите натпреварувања.

„Кралевите“ се први во Ла Лига, но по ремито со Атлетико Мадрид се појави статистика која треба да ги загрижи навивачите на Реал.

Реал Мадрид оваа сезона одиграл седум големи натпревари, а нема ниту еден триумф, односно два пати ремизирал против Атлетико Мадрид, а загубил од Милан, Барселона (два пати), Ливерпул, Атлетик Билбао.