Рамос со извинување по инцидентот на тренингот на Реал (ФОТО)

Реал Мадрид игра катастрофално сезонава, а лошата форма на теренот се пресели и во соблекувалната и на тренингот. Тоа можеше да се забележи и по бесната реакција на капитенот Серхио Рамос.

На денешниот тренинг Рамос се изнервира, откако имаше еден контакт со младиот Серхио Регилон, па го нападна со топката, а на крајот мораше неговите колеги да го смируваат.

Сепак, Рамос на крајот се извини поради своето однесување, а Регилон го прифати неговото извинување.