Рамос збесна на тренинг, па соиграчите мораа да го смируваат (ВИДЕО)

Реал Мадрид се соочува со катастрофална серија, па на последните четири натпревари во шпанскта Ла Лига, тие освоија само еден бод.

Тренерот Хулен Лопетеги се соочува со голем број критики и постои можност наскоро да добие отказ, но не е добра атмосферата ниту во соблекувалната.

На денешниот тренинг на „кралевите“ посебно нервозен беше капитенот Серхио Рамос, кој имаше мал контакт со еден соиграч, па потоа Шпанецот збесна.

Прво го гаѓаше со топка пред сите, а потоа го погоди и тоа кога вежбата беше завршена, а потоа дојдоа соиграчите да го смират.