Рафиња збесна на судиите, мораше Флик да го смирува

Бразилскиот репрезентативец Рафиња е исклучително нервозен последните десетина дена.

Неговите изливи на нервоза почнаа на дуелот против Бразил во квалификациите за Светското првенство, а синоќа имаше уште една лоша епизода, по мечот со Бетис на домашен терен. Рафиња влезе во игра во второто полувреме, а по истекот на натпреварот влезе во жесток вербален дуел со судиската тројка.

На никого не му беше јасно што се случува, но каталонските медиуми подоцна открија. Во последниот напад, Барселона избори корнер, а главниот судија Хесус Хил Мансано не дозволи тој да се изведе иако останаа десетина секунди од судиското продолжение. Како еден од капитените, Рафиња побара објаснување за таквата одлука, но линискиот судија му рекол да замолчи и да тргне од нив што дополнително го изнервирало бразилскиот фудбалер кој упорно им повторувал на арбитрите дека се безобразни.

На излезот од теренот се вклучил и вториот линиски судија кој прво го испровоцирал Рафиња, а потоа саркастично му се смеел и покажувал да продолжи кон соблекувалната. Морале да реагираат тренерот Ханси Флик и капитенот Марк Андре Тер Штеген кој се најде пред дунелот, за да го спречат својот фудбалер да направи поголема глупост и да добие суспензија за тоа.