Работата на Солшер во Манчестер јунајтед е сигурна - засега!

Манчестер јунајтед сезонава игра очајно. Резултатите се под просечни, но работата на менаџерот Оле Гунар Солшер засега е сигурна. 

Раководството на клубот не планира негова смена, бидејќи Манчестер јунајтед оваа сезона влегува во една нова фаза на изградба на тимот. Челниците знаат дека летните инвестиции не беа доволни за тимот да биде конкурентен, бидејќи ја засилија одбраната, а не и нападот.

Ромелу Лукаку и Алексис Санчез си заминаа, а ниту еден не дојде на нивно место. Солшер сега со раководството работи на планот на идните засилувања. Клубот ќе биде трпелив со Солшер, но и со составот, бидејќи лошата форма е и поради многуте повреди на стартот на сезона.

Манчестер јунајтед моментално е 12-ти на премиерлигашката табела со само девет освоени бодови од осум натпревари.