
Пукна „петарда“ - Арсенал го разнесе Челси (ВИДЕО)
Во претходните три натпревари од англиското првенство Челси постигна вкупно 13 гола, но вечерва упати само еден директен удар кон голот на противникот. Арсенал целосно доминираше, домашните фудбалери шутнаа 27 пати од кои 10 во рамките на голот и лесно можеа да слават уште поубедлива победа.
Првото полувреме не навести ваков развој на настаните бидејќи на голем одмор Арсенал замина со само еден гол предност, благодарение на погодокот на Тросар уште во четвртата минута. Затоа, од 52. до 70. минута домаќините четири пати ја затресоа противничката мрежа за најубедливата победа во историјата на меѓусебните дуели.