ПСЖ со гол во 96. минута стигна до - седум од седум во Лига 1 (ВИДЕО)

ПСЖ ја запишаа седмата победа по ред во Лига 1, откако вечерва беа подобри од Мец со 2-1, но овој пат тоа го остварија потешко од очекуваното.

Иако поведоа со гол на Хакими во петтата минута, сепак гостите од Париз едвај ги освоија трите бодови. Мец израмни преку Кујате во 39. минута, но во судиското надополнување Хакими со вториот погодок ги постави конечните 2-1.

Лионел Меси го пропушти мечот поради повреда, додека од првата минута заиграа Нејмар и Килијан Мбапе, но не воодушевија.