ПСЖ го промовира четвртото засилување – Јужнокореецот Ли Канг Ин!

Ли Канг Ин и официјално е прв Јужнокореец кој ќе игра за францускиот гигант Пари Сен Жермен, откако парижаните вечерва го промовираа своето четврто засилување летово после Марко Асенсио, Милан Шкринијар и Мануел Угарте.

Ли Канг Ин кој има 22 години доаѓа во ПСЖ од Мајорка каде играше од 2021 година, а претходно беше дел од Валенсија и офанзивниот фудбалер за врска потпиша договор на „Паркот на принцовите“ до 2028 година.

Тој од десетгодишна возраст е во Валенсија каде ја мина младинската школа, па дебитираше за „љиљаците“ на 17 години и во три сезони на 62 меча даде три гола, а од 2021 година се пресели во Мајорка, каде во изминатава сезона имаше шест гола и шест асистенции.

„Чест е да се биде во ПСЖ, еден од најголемите клубови на светот, клуб во кој играат некои од најдобрите играчи во моментов. Едвај чекам да ја почнам новата авантура“, рече Ли Канг Ин на промоцијата.