ПСЖ го победи Ланс, но ги загуби Кварацхелија и Ли (ВИДЕО)

Францускиот и европски шампион ПСЖ триумфира со 2-0 против Ланс, но победата падна во сенка на повредите на Квича Кварацхелија и Канг-Ин Ли.

Бредли Баркола ги постигна двата гола во победата за парижаните, и тоа во 15. и 51. минута од натпреварот, додека Кварацхелија се повреди во првото полувреме, а Ли на стартот на вториот дел од мечот.

Кварацхелија и Ли се испратени на медицински прегледи, по кои ќе биде познато колку ќе паузираат надвор од терените.

Останати резултати:

Брест – Париз 1-2
Мец – Анже 1-1

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain