„ПСЖ е затвор за фудбалерите, никаде не постојат такви услови!“

Не е тајна дека парите се причина поради која многу фудбалери пристигнаа на „Паркот на принцевите“. Иако во претходните години Лига 1 напредуваше, сепак се` уште е далеку од топ 5 лигите во светот, но кој и да пристигне во ПСЖ, не си заминува толку лесно поради одличните услови во нивните договори.

Поранешниот агент на Марко Верати, Донато Ди Кампли тврди дека договорите кои ги нуди ПСЖ се како „златен затвор“ за фудбалерите.

„Со ПСЖ го имав најлошото искуство во животот. Тие ме повредија многу, а Верати за мене повеќе не постои. Бев за него против клубот, против државата, но Италијанецот ме отфрли како партал“, вели Донато.

„Никој нема да успее да го грабне Нејмар од ПСЖ. Таму играчите се како во златен затвор од кој никој не сака да се откаже поради договорите кои не би ги добиле во друг клуб“, додава агентот.