Првиот гол на Сон во МЛС е - спектакуларен! (ВИДЕО)

Сон го постигна првиот гол во МЛС, но тој не беше доволен за победа, Лос Анџелес ФК одигра 1-1 на гостувањето кај Далас, сепак погодокот на јужнокореецот вреди да се види и тоа повеќепати.

Сон стана најскапиот фудбалер кој пристигнал во МЛС, а зошто е тоа така покажа на мечот против Далас.

Поранешниот играч на Тотнем уште во шестата минута изведе совршен слободен удар и ја шутна топката во аголот на домашниот голман кој беше немоќен, фантастичен погодок.