
Милер првиот гол во МЛС го постигна по најсмешно досудениот пенал во историјата (ВИДЕО)
Гостите двапати водеа, но домаќините двапати се враќаа, а конечниот исход го одреди досуден пенал во 14. минута од надополнувањето. Ситуацијата изгледаше апсурдно – резервистот на Сент Луис, Мики Џојнер, воопшто не го допре противничкиот фудбалер, кој сам се сопна. И покрај прегледот на ВАР-снимката, судијата Базакос остана на својата првична одлука и покажа на белата точка.
Одговорноста ја презеде Томас Милер, кој со првиот гол во дресот на Вајткепс донесе триумф за својата екипа. Но, наместо да се зборува за неговиот деби-погодок, вниманието целосно го однесе уште една контроверзна арбитража во МЛС, лига што тврди дека постојано напредува, но повторно се соочува со прашања за кредибилитетот на судењето.