Донарума се договорил со Сити, останува уште ПСЖ да даде зелено светло

Пеп Гвардиола очигледно не е задоволен од голманската постава во својот тим, па бара засилување кое ќе ја носи екипата.

Од моментот кога ПСЖ го отпиша Џанлуиси Донарума, стана јасна дека Манчестер Сити ќе тргне по италијанскиот чувар на мрежата и дека речиси сигурно ќе го донесе во своите редови. Со оглед на тоа што преодниот рок утре ќе влезе во последната недела. преговорите за трансфер на Донарума се во завршна фаза.

Фабрицио Романо тврди дека поранешниот голман на Милан ги договорил сите услови со Манчестер Сити и сега останува уште ПСЖ да даде дозвола за негов трансфер. Наводно, ПСЖ бара најмалку 50 милиони евра, но се уште клучот го држи Едерсон кој мора да си замине за да отвори место за Италијанецот.

За него е заинтересиран Галатасарај, но преговорите се развлекоа и му одземаа премногу време на Манчестер Сити.