
Ни срам, ни перде: Шарапова влезе во Куќата на славните, ама - Серена ѝ го украде шоуто (ВИДЕО)
Иако беше најавено дека улогата на Американката е само симболично да ѝ ја предаде наградата, таа изненади со долг и емотивен настап. Серена истакна дека некогаш биле најголеми конкурентки, но дека обете имале иста цел – да бидат најдобри во светот. Во говорот дури се пошегува и со скорот меѓу нив двете, потсетувајќи дека од вкупно 22 меѓусебни дуели, победила 20 пати, вклучително и финалето на Олимписките игри. Таквиот настап не им се допадна на дел од навивачите на Шарапова, кои на социјалните мрежи коментираа дека Вилијамс требала да покаже повеќе почит кон моментот и да ѝ остави простор на славеничката.
И покрај тоа, церемонијата заврши во пријателски тон со прегратка и емотивен говор на Шарапова, кој предизвика солзи во публиката. Честитки до Шарапова испрати и Новак Ѓоковиќ, кој не присуствуваше на настанот, како и легендарните браќа Брајан, најуспешниот двојка-шампионски тандем во историјата на тенисот.
ФОТО: X / @boccardi_marioo